strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Градоначалникот Костадинов ми испратил опомена пред тужба – Да му порачам дека времето на Мара Минанова помина, ниту ќе ме заплаши, ниту ќе помогне Струмичани да имаат чиста вода!

Автор:

Датум:

октомври 17, 2024

Автор:

Датум:

октомври 17, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Градонаначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов ми испратил опомена пред тужба со барање за извинување за моите изјави во врска со проблемот со водата за пиење.

Ако треба тоа да го сфатам како закана, на Костадинов да му порачам дека времето на Мара Минанова и КПЈ во Струмица, Македонија и демократска Европа помина.

Костадинов да си ги препрочита законите и да си ги знае неговите надлежности како градоначалник, и да си ги прочита правилниците гласани на совет за да си ја утврди својата способност во решавање на проблемот со вода за пиење.

Струмица е веќе 3 недели без вода за пиење, и затоа мојата порака до Костадинов е повеќе да се занимава со решавање на тој проблем и со низата други кои се натрупани во општината, а не да се занимава со тужби кон мене, бидејќи ниту ќе ме заплаши, ниту ќе помогне струмичани да имаат чиста вода за пиење.

Исто така во иднина Костадинов уште многу пати ќе треба да се појави на седница на Совет каде ќе треба да даде одговори на многу прашања за неговото работење со Општина Струмица, за комуналното претпријатие, за сите тендери со цени многупати поскапи од нормалните.

На крај граѓаните се тие кои судат на избори. Лошите политики на Костадинов и неговата партија беа поразени на изборите со 5000 гласа разлика во Струмица, а ќе доживее голем пораз и на локалните избори!