ВЛАДИМИР РИСТОВ: ,,Гасифицираната” Струмица и денес е најзагаден град во Македонија!

декември 1, 2022
RemasterDirector_5122f8b34

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

,,Гасифицираната” Струмица и денес е најзагаден град во Македонија.

За 13 години, 340 домакинства и 34 деловни субјекти ги користат услугите на Струмица Гас или 1% од домакинствата. Потрошени се близу 3 милиони евра од буџетот на Струмица.

И покрај сите изборни ветување и празни изјави за политичка ПР промоција, Струмуца Гас не го намали аерозагадувањето во Струмица, не ги намали сметките за енергија, земјоделците не добија никаков бенефит од користење на гасот.

Ја подджуваме во целост гасификацијата во Струмица, но треба да се работи разумно и домакински. Потребно е да се субвенционираат приклучоци и да се мотивираат граѓаните да користат гас. Но наместо претпријатието да направи анализи како да се зголеми бројот на приклучоци, истото го менува статутот во дејност поврзано со сообраќај.

Од препријатието кое обезбеди едвај 1% приклучоци, треба да очекуваме да го реши и јавниот превоз во Струмица.

И на крај истото се задолжува 20 милиони денари. Ова е второ задолжување по првото од 27 милиони денари.

Кога ги трошиме парите на граѓаните истите треба да ги уживаат бенефитите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: