strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Електричните автобуси во Струмица ќе бидат дупло поскапи од електричните автобуси во Солун

Автор:

Датум:

август 21, 2024

Автор:

Датум:

август 21, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

СТРУМИЦА ПОСЛЕДНА ГОЛЕМА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЌЕ ВОВЕДЕ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, НО ЗАТОА ГИ ИМА НАЈСКАПИТЕ АВТОБУСИ ВО ЕВРОПА!

Без дебата на денешната седница на совет за физибилити студија за јавен превоз, без јавни консултации со граѓните и експертите, Општина Струмица на почетокот на септември треба да добие 10 автобуси кои чинат 7 милиони евра и 6 полначи за електрични автобуси во вредност од 228 илјади евра.

Автобусите во Струмица од кој еден чини 700.000 евра се далеку поскапи од сите автобуси во Македонија, 7 пати поскапи од дизел автобусите во Штип и 3-4 пати поскапи од еко-метан автобусите во Скопје, Прилеп и Битола.

Автобусите во Струмица ќе бидат со капицитет од 21 седиште и 22 позиции за стоење, додека сите други се со капацитет меѓу 50 и 100 патника.
Автобусите во Струмица од кој еден чини 700.000 се речиси дупло поскапи од сличните електричните автобуси во Солун и Атина кој нето вредноста и е околу 440.000 евра. Од податоците на интернет може да се види дека се речиси дупло поскапи од слични автобуси во Брашов, Кускендил, Крањј, Бургас, Нотингем и други.

Еден автобус од 700.000 евра, чини колку канализационата мрежа во Дабиле и Просениково заедно, еден автобус од 700.000 евра чини како две училишни спортски сали, еден автобус чини како изградба на 10 километри патен правец, два автобуси чинат како изградба на нова модерна детска градинка итн.

За вакво недомакинско трошење на општински пари се поставува прашањето дали ваков проект е во интерес на граѓаните или во прашање е друг бенефит на Костадинов?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку години ја иницираше идејата за јавен градски превоз кој можеше да чини најмалку 5 пати поефтино од моменталното расипничко трошење на јавните пари.