ВЛАДИМИР ПУТИН НАРЕДИ МОБИЛИЗАЦИЈА – ГО ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ВОЈНИЦИ!

септември 21, 2022

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.

Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин изјави дека делумната мобилизација се однесува на резервисти од активниот состав со искуство кои, како што најави, повторно ќе поминат воена обука.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска потврди дека делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин се однесува на лица со воено искуство и најави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти или 1.2% од вкупниот резервен состав на армијата.

Шојгу рече дека Русија во Украина се бори против Западот.

Според него, „речиси целата сателитска мрежа на НАТО работи против Русија во Украина“ и „Украина се повеќе користи западно оружје за да напаѓа цивили“.

Руската армија брои 2.572.500 војници во активниот резервен состав, од вкупно 25 милиони воено способни резервисти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ