Владата предлага намалување на затворските казни за функционерите!

септември 6, 2023

Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања кои денеска се на дневен ред на Комисијата за европски прашања, пишува „Сакам да кажам“.

Предложените законски измени на КЗ се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред.

Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери, стои во текстот.

Потпишан на предложените законски измени е премиерот Димитар Ковачевски и во образложението се вели дека тие произлегуваат од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ