strumica denes logo

ВКУСЕН РЕЦЕПТ ЗА РУЧЕК: Мусака со тиквички и сос со оригано

Автор:

Датум:

јануари 24, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Автор:

Датум:

јануари 24, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Состојки

  • 1 паковка сос за мусака со тиквици ( јас користев на Магги )
  • 250гр мелено мешано месо
  • 1 кромид
  • 250гр компири
  • 1голема 230 гр тиквичка
  • 50 гр нарендан кашкавал гауда
  • 50 гр ситно мелен пармезан
  • 300мл вода

Подготовка:

  1. Во кацерола на оган запржете го ситно сецканиот кромид, а потоа додајте го меленото месо.
    Пржете добро нека се зарумени. Излупете ги и измијте ги компирите исецкајте на тркалца, а потоа и тиквицата исецкајте ја на кругови.
  2. Во сад со 300 мл вода разматете го сосот со оригано за мусаката, а потоа додајте го во меленото месо. Мешајте добро. Постепено додавајте ги компирите и тиквиците, промешајте добро, а потоа префрлете ја цела смеса во една тава каде ќе печете.
  3. Печете додека не омекне зеленчукот. Исклучете ја рерната. Пред крајот попрскајте ситно мелен пармезан и рендана гауда. Оставете ја тавата во исклучена рерна, нека се растопи кашкавалот. Служете топло.