Три значајни имиња на македонската музичка сцена – „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“, ќе настапат на 15 август во Градскиот парк во Струмица.
Музичкиот настан, кој се одржува под мотото „Најдоброто од Македонија“, е дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.
Струмичката публика ќе има можност на една сцена да ги проследи настапите на трите групи, кои со своето творештво оставија значаен белег во македонската музичка историја.
Организаторите најавуваат отворен настан во Градскиот парк, во организација на „Авалон продукција“.
























