Од СДСМ обвинуваат дека членови на ВМРО-ДПМНЕ први физички ги нападнале нивните членови за време на инцидентот што се случил во Ново Село.
Христјан Ефтимов изјави дека по физичкиот напад следувале и јавни обвинувања на негова адреса, поради што, како што посочи, се чувствува нападнат, а не виновен за настанот.
Од партијата бараат надлежните институции да спроведат целосна и непристрасна истрага за инцидентот. Тие бараат да се испитаат и наводите за користење украдени полициски документи, како и да се утврди евентуална одговорност.
Линк од видеото: https://www.facebook.com/reel/2126882031591543





















