strumica denes logo

Викенд ручек: Тава од пилешки топчиња со растопен кашкавал

Автор:

Датум:

април 15, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Автор:

Датум:

април 15, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Викендот е време за експериментирање во кујната и уживање во вкусни ручеци.

Токму таков е овој ручек со пилешки топчиња од кои ќе барате уште. Лесен за подготовка, уште полесен за јадење.

Потребни состојки:

  • 700g мелено пилешко месо
  • 50g рендан пармезан, плус уште малку за одозгора
  • 60g лебни трошки, плус уште 80g за увалкување
  • 2 големи јајца
  • 1 мал стар кромид, сечкан ситно
  • 4 чешниња лук, сечкан ситно
  • 2 лажици сечкан босилек, плус уште малку за декорација
  • ½ лажица оригано
  • ¼ лажица црвен пипер
  • 100g моцарела (или кашкавал), на парчиња за во топчињата
  • 50g масло за готвење
  • 1 конзерва доматен сос
  • 230g моцарела (или кашкавал), рендано
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад, измешајте ги месото, пармезанот, лебните трошки, јајцата, кромидот, лукот, босилекот, ориганото, црвениот пипер, солта и биберот.
  • Измешајте ја смесата и формирајте средно-големи топчиња од мешавината и ставете ги на хартија за печење.
  • Во секое топче вметнете парче моцарела или кашкавал и убаво извалкајте ги во преостанатите лебни трошки.
  • Во меѓувреме загрејте го зејтинот и кога ќе се загрее, ставете ги топчињата и вртете ги на сите страни додека добијат златна боја.
  • Истурете го доматниот сос во длабок сад, наредете ги топчињата, наросете моцарела или кашкавал и ставете да се пече 25 минути додека кашкавалот се растопи и добие боја.

Погледнете го видеото за детална постапка:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tastemade (@tastemade)