“Предлог законот за ,,родовата еднаквост” е најголемото зло и опасност за жената во нејзиниот стремеж кон рамноправноста, но и легализација на насилството врз сето она што означува и претставува жената од страна на транс жените т.е биолошки мажи и транс родовата идеологија и сето тоа под превезот на некаква ,,борба” против насилството врз жените. Начинот на кој овие два предлог закони ги третираат поимите род и родов идентитет правејќи остра дистинкција помеѓу поимите пол и род за биолошките, вистинските жени не значи изедначување, не означува социјална, политичка, економска рамноправност за која отсекогаш се залагал феминизмот што по мене е убаво и симпатично, но и неопходно. Напротив, цел на предлог законот за родова еднаквост, е сето она што значи жена во најпозитивен контекст да го сведе на конструкт во нечија глава и внатрешно субјективно чувство, кое што не само што не се потпира на биолошката реалност, туку целосно ја негира. Ако го прифатиме ова лудило во форма на закон и почнеме да ја градиме објективната реалност на основа на нечии внатрешни, субјективни чувства, ќе отвориме врата за една широка и сеопфатна психопатологија.”– Викарен Епископ Стобиски г.Јаков
ВИКАРЕН ЕПИСКОП СТОБИСКИ Г.ЈАКОВ: “Предлог законот за ,,родовата еднаквост” е најголемото зло и опасност за жената!
Здрава Котлина: ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ Почитувани сограѓани, Ве известуваме дека ќе организираме протест во Струмица на 1ви февруари (сабота)…
Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД и ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател…
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во Вашингтон имал вечера и одлична средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за…
Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот…
Православните христијани во Македонија денеска го слават празникот Богојавление – Водици. Во храмовите на Македонската Православна Црква се одржуваат литургии,…