(ВИДЕО) СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА: Царински службеници на ГП „Блаце“ земале по 20 евра мито – МВР работи на расчистување на случајот!

април 13, 2022

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп” објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од 20 евра од автобус со државјани на Албанија кои ја минуваат границата.

Во видеото се гледа како екипата на оваа телевизија платила 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки на граничниот премин.

Случајот го пријавил албански бизнисмен.

„Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“, открива бизнисменот за Клан.

Според новинарскиот извештај, екипата на „Стоп“ потоа заминала на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа бил побаран поткуп од 20 евра по човек.

По објавувањето на видеото на ТВ Клан, од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола почнал да работи на расчистување на случајот со земање мито на „Блаце“.

„Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста“, соопштија од МВР.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ