По објавувањето на спотот за синглот Денот што ни носи, Александра Јанева започнува нов емотивен и акустичен проект кој ќе посакате да трае подолго.
Викендов на нејзиниот YouTube профил го објави првото MINISOng видео – кратка акустична верзија од најновата макфестовска песна. Поп-пејачката Јанева и Минисо Македонија во наредниот период најавуваат повеќе кратки акустични верзии на македонска музика.
Нејзиниот глас, емотивниот текст и разбрануваното Дојранско езеро се добитна комбинација во само 100-тина секунди.