Темата е многу сериозна, бидејќи истовремено се однесува на националната безбедност и воздушниот сообраќај, но предизвикува и голем јавен интерес затоа што концептот на НЛО ја скокотка фантазијата – истакнаа претставници на НАСА на првата конференција од ваков вид.
На ретко виден јавен собир во Вашингтон, комисија од експерти избрани од НАСА да го проучуваат чувствителното прашање на НЛО вчера соопштија дека треба да се соберат повеќе информации за да се објаснат феномените на неиндетификуваните летечки објекти.
– Постоечките податоци и извештаи на очевидци не се доволни за да обезбедат убедливи докази за природата и потеклото на одреден настан. Ни требаат висококвалитетни податоци. Во текот на летото треба да се објави извештај во кој ќе се опише како да се постигне ова – рече Дејвид Спергел, астрофизичар кој претседаваше со панелот.
НАСА го најави почетокот на истражувањето на НЛО лани, а во октомври назначи најмалку 16 експерти кои ќе го спроведат. Меѓу нив има угледни научници, како и шефови на американскиот регулатор за цивилно воздухопловство (FAA), како и еден поранешен астронаут Скот Кели.
Нивната задача не е да бројат „неидентификувани аномални појави“ (НФП) – како што официјално се нарекуваат – за да објаснат одредени настани забележани досега, туку да дадат препораки на НАСА како да ѝ пристапат на темата во иднина.
Досега се забележани околу осумстотини необјаснети феномени во воздухот, изјави во средата Шон Киркпатрик, директор на канцеларијата што се занимава со ова прашање во Министерството за одбрана. Но, „можеби 2 до 5 проценти“ од нив „се навистина ненормални“, рече тој.
Темата е многу сериозна, истакнаа претставници на НАСА, бидејќи истовремено се однесува на националната безбедност и воздушниот сообраќај. Но, предизвикува и голем јавен интерес поради концептот на неидентификуван летечки објект (НЛО) кој ја скокотка фантазијата.
– Во овој момент немаме јасни докази за поврзаност помеѓу необјаснети абнормални појави и вонземски живот – изјави Дејвид Гринспун, член на експертската комисија.
Никола Фокс, хонорарен соработник во НАСА, го осуди онлајн-малтретирањето на членовите на панелот на почетокот на состанокот.
Состанокот, кој траеше неколку часа, во средата беше директно пренесуван на Интернет, а еден дел беше посветен на прашања од јавноста кои беа однапред испратени преку Интернет.
Транспарентноста е многу неопходна, истакнува американската вселенска агенција, за да се „отстрани стигмата“ од оваа тема.