Лери Пирсон од Тексас осуден е на 70 години затвор поради плукање полицаец, пренесе „Њујорк пост“.
Инцидентот се случил за време на неговото апсење минатиот мај во Лубок. Уапсен е поради семејно насилство, откако неколкупати ја удрил сопругата по лицето, а таа завршила со видливи повреди.
Пирсон се налутил кога полицајците не ја уапсиле жртвата, па почнал со нозе да удира по вратите на полициското возило.
Откако полицајците ја отвориле вратата и побарале да престане, тој ги плукнал и продолжил да ги плука додека стигнале во затворскиот центар.
Поротниците подоцна го прогласиле за виновен за вознемирување јавен службеник.
На завршувањето на судењето, обвинителката Џесика Горман побарала поротата да прати порака до општестовото со неговата казна.
Пирсон претходно бил осудувам за тешка кражба и семејно насилство. Поради тоа, во текот на судењето се соочил со минимална затворска казна од 25 години.
„Ако имате намера да живеете живот на криминалец, правете го тоа меѓу останатите криминалци во затворот“, рекла Горман на суд.
Џим Шоу, неговиот бранител, пред поротата рекол дека казната е изречена за едноставен прекршок кој излегол од контрола.
„Нема да добиете 70 години затвор за вакво нешто ако никогаш пред тоа не сте биле во неволја“, одговори Горман.