Верувале или не, Македонците за чалам возат и автомобили од над 300 илјади евра!

март 25, 2024

Најчесто љубителите на скапи автомобили возат „бентли“, „порше“, „ролс ројс“ „ферари“, но и повеќе скапи модели на БМВ, мерцедеси, „ренџ ровер“ …Вредноста на овие автомобили се верувале или не, достигнува од 200 до 300 илјади евра, па и повеќе. Нивните имиња трговците ги чуваат во тајност. Во 2023 година преку царинската управа лани оцаринети се 47.050 патнички автомобили од кои што најголемиот дел се стари-користени, а нивната бројка е 33.213,додека нови се само 9.999 . Па така лани напролет и наесен најмногу се купувале возила од автосалоните, а рекордот е постигнат во јуни кога се купени 1.009 автомобили.

По патиштата во Македонија можат да се видат како се возат евтини, просечни, но и многу скапи, до луксузни автомобили. Иако сме држава со слаба економија и со ниска куповна моќ,меѓу граѓаните, сепак има и такви кои можат да си дозволат да купат автомобил од неколку стотици илјади евра. За дел од нив лудост е да се вложуваат толку многу средства за автомобил, но за други тоа е остварен сон, страст, престиж…

Царинската управа на Македонија води редовна месечна и годишна анализа на вкупниот број на оцаринети возила кои се класифицирани во две категории како нови кои се продаваат во автосалоните и како половни возила, изложени на плацевите низ земјава. Но, оваа управа не води евиденција колку од нив се луксузни, а вредат и повеќе од просечни станови за живеење.

Во отсуство на официјални податоци за тоа колку луксузни возила се возат по патиштата низ државата, познавачите на пазарот на автомобили велат дека таа бројка според бројот на жители и не е за занемарување. Најчесто љубителите на скапи автомобили возат „бентли“, „порше“, „ролс ројс“ „ферари“, но и повеќе скапи модели на БМВ, мерцедеси, „ренџ ровер“ …..Вредноста на овие автомобили, верувале или не, достигнува од 200 до 300 илјади евра, па и повеќе. Трговците со автомобили, кои ги контактираше ВЕЧЕР , не сакаа да обелоденат во чии раце одат овие скапи машини на четири тркала, бидејќи тоа според нив законска обврска е да ги заштитат податоците на нивните клиенти. Дел од овие бесни автомобили се со странски регистарски таблички, а ги возат Македонци кои имаат фирми во странство.

Но генерално, трендот кај обичниот граѓанин во земјава, е да купуваат автомобили на старо. Минатата 2023 година, која беше позната по високата инфлација, скапотилак, купување автомобили од автосалон беа вистинска реткост. Трговците со автомобили во автосалоните и плацевите на половни возила велат дека таков е нашиот стандард, ниски плати, едвај се преживува па голем е бројот од нив што ги купуваат на старо за 4.000 евра.

Во земјава има бројни сајтови каде има богата понудата од речиси сите европски марки автомобили, но и популарните јапонски.

-Во просек автомобилите кои Македонците ги купуваат се од пет до десет илјади евра и сите се со еуро 4 стандард. Има и поскапи, кои се со еуро 5 стандард, понови и со помалку поминати километри, но нивната цена е над 10 илјади евра. Сите автомобили се проверени и сигурни за управување, вели за весникот ВЕЧЕР сопственик на плац со половни возила од Велес и дополни дека кај него најмногу се продаваат француски и јапонски автомобили.

Традиционално во Македонија најмногу на цена се германските возила, кои се поевтини, издржливи и има делови за поправка. Според официјалните бројки на Царинската управа на Македонија лани преку царинската се поминати 47.050 патнички автомобили од коишто најголемиот дел се стари – користени, а нивната бројка е 33.213, додека нови се само 9.999.

Доколку се анализира по месеци ќе се согледа дека лани напролет и наесен најмногу се купувале возила од автосалоните. Рекордот е постигнат во јуни кога се купени 1.009 автомобили, но слично е и во декември кога се оцаринети 1.003 нови. Солидна е продажбата и во месеците мај, кога царинети се 927 автомобили, додека во јули 995 и ноември 849 нови машини на четири тркала.

Што се однесува кај товарните возила преку Царинската управа се поминати нови 1.202 товарни возила и 2.355 употребувани. Лани се царинеле и автобуси и минибуси, од кои што нови биле 17, а употребувани 264 автобуси.

Ако се спореди каков бил интересот за автомобилите лани во однос на 2022 година, ќе се согледа дека таа година помалку се купувало, бидејќи оцаринети биле вкупно 35.458 автомобили од кои нови биле 8.790, а стари биле 23.381 автомобили.

Текстот е преземен од ВЕЧЕР.ПРЕС

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ