strumica denes logo

Важна информација за сите кои поседуваат бугарски лични документи!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2024

Автор:

Датум:

јуни 20, 2024

Во Бугарија почнува издавањето на новите биометриски лични карти. Промената на личниот документ не е задолжителна и секој граѓанин може да ја искористи услугата, откако ќе истече рокот на неговиот важечки документ, соопштија од прес-центарот на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, пренесува БТА.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

МВР прецизира дека за да се зголеми безбедноста на документот, покрај сликата истиот ќе содржи и електронски носач на податоци со евидентирани биометриски податоци – два отпечатоци и фотографија.

Од МВР информираат дека биометриската лична карта отвора можност бугарските граѓани кои патуваат во земјите на Европската унија да минуваат низ електронските точки на граничните пунктови, а исто така ја олеснува и ја забрзува контролата на граничните органи од останатите земји.