strumica denes logo

ВАНЧО СТОЈАНОВ Е НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ФК БРЕРА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

мај 27, 2024

Автор:

Датум:

мај 27, 2024

По крајот на сезоната ФК Брера Струмица направи промени во раководните структири на клубот, поставени се нови директори, генерален и спортски.

Досегашниот генерален директор Јован Симиќ во иднина ќе ја извршува функцијата спортски директор, додека нов генерален директор ќе биде Ванчо Стојанов.

Стојанов во Брера дојде на стартот од пролетниот дел од сезоната. Тој претходно има работено во Хоризонт Турново и Беласица.

,„Благодарам на довербата која ми е дадена од фудбалската легенда, претседателот на нашиот клуб Горан Пандев како и од директорот на БРЕРА Холдинг Пјерлуиџи Галопи. Целите остануваат исти – раст и развој на клубот и градење и одржување силни односи со спонзорите, навивачите, заедницата. Секако приоритет ќе биде обезбедување одржливост на клубот, поголема промоција дома и во странство , регрутирање и задржување на играчи, тренери, обезбедување услови за развој на младите и негување на локални таленти, промоција на тимската работа како и соработка со останати клубови и школи. Верувам дека сите заедно може да го поттикнеме напредокот и успехот на фудбалскиот клуб АП БРЕРА во Струмица и да придонесеме за неговиот севкупен раст и просперитет во иднина,“, кажа Ванчо Стојанов новиот генерален директор на ФК АП Брера Струмица.