strumica denes logo

УЖИВАЊЕ ЗА НАЈМАЛИТЕ ВО СТРУМИЦА: ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ВОЛКОТ И ТРИТЕ МУЗИЧКИ ЈАГНИЊА“

Автор:

Датум:

октомври 6, 2024

Автор:

Датум:

октомври 6, 2024

Конечно и во Струмица доаѓа големиот детски спектакл. Станува збор за театарската претстава за деца “Волкот и трите музички прасиња” која е пропратена со новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за ова врвно уметничко дело. Ова е претставата која што заради нејзиниот голем квалитет и атрактивност, ги полни салите низ цела Македонија и тоа по неколку пати! По барање на публиката во Струмица, трите музички прасиња заедно со смешниот волк доаѓаат во Струмица за да ги воодушеват најмладите во овој град. Овој детски музички спектакл, ќе биде изведен во недела на 20-ти октомври на големата сцена во Центарот за култура “Антон Панов” во Струмица, а почетокот на претставата е закажан за во 12 часот.

Овој пат, честа да го гледаат овој најголем детски спектакл ја имаат најмладите од Струмица, кои ќе го проследат мјузиклот со волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во оваа детска музичка претстава со професионални маски. Што се однесува до билетите за оваа претстава тие се по симболична цена од 150 денари, и истите може да ги резервирате преку повик 24/7 на 070/ 272-593.

Се гледаме на претстава, и на вистински детски – музички спектакл!