strumica denes logo

УХМР: Повремени врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни

Автор:

Датум:

април 14, 2023

Автор:

Датум:

април 14, 2023

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.

Температурите во Струмица ќе се движат од 9 до 16 степени целзиусови