Денес времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Од утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголемува.