УХМР: Нестабилно време во Македонија – пороен дожд и грмежи!

август 20, 2022

Времето ќе биде прoменливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 6.

До средината на следната седмица подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Температурите значително ќе се намалат, информираат од УХМР.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ