УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКАТА СТРУКА ОД СОУУД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“, ВО СТРУМИЦА СЕ ВРАЌААТ СО ОСВОЕНИ 12 МЕДАЛИ НА ГАСТРОНОМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ХРВАРТСКА!

април 1, 2023

Учениците и нивната професорка Ивана Петров Ѓоргиева од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица угостителско туристичка струка, профил: готвач, учествуваа и се натпреваруваа на овогодинешниот гастрономски фестивал “Biser Mora 2023” – Супетар, Брач, Р.Хрватска и освоија вкупно 12 медали.

– 2 златни медали
– 5 сребрени медали
– 4 силвер дипломи за ментор на јуниор тим и училиштето
– 1 бронзен медал

„Среќни сме на овие успеси за кои големи виновници беа и нашите верни спонзори и поддржувачи: Vila Park Hotel Ал Макс Atanas Pishev , Concept Food & Cafė Bar Kiril Ivanov Stole Ivanov, Фондација Заев и нејзините партнери, Letnica Letnica Mite Petrov надворешен ментор представник од угостителските објекти, Кланица со ладилник Eftim Ricliev, Zoran Andonov Chef Zoran како надворешен ментор кој несебично им помогна на учениците и им кажа неколку од неговите тајни. Nikola Mishkovski кој e Амбасадор на Шкмер за Северна Македонија и со своите насоки и совети ги мотивираше учениците за уште повеќе успеси и во иднина!“ – напиша професорката на нејзиниот фејсбук профил.

Инаку, на овој меѓународен натпревар учествуваа околу 500 учесници од повеќе земји.

Честитки од тимот на Струмица Денес!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: