УБИЕН НА ДЕНЕШЕН ДЕН ОД БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО СТРУМИЦА: ВЕЧНА СЛАВА НА МАКЕДОНЕЦОТ БЛАГОЈ ЈАНКОВ – МУЧЕТО!

јули 14, 2022

Со своето револуционерно дело се афирмирал како истакнат комунистички борец, поради што станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во тоа својство бил упатен за инструктор во источна Македонија.

Исто така станал и организатор на првите спротивставувања на бугарската окупациска власт во Струмица во 1941 година.

Исто така активно учествувал во подготовките за формирање на партиски организации за Радовиш, Берово и Валандово. Бугарската фашистичка полиција ја открила неговата работа. Како илегалец најмногу се движел во Штип и неговата околина. Направил партиска база во селото Долани, во својство на член на Обласниот комитет на КПЈ.

Во една провала, полицијата извршила напад. Тогаш со Благоја бил и Славчо Стојменски, кој во престрелката со полицијата бил убиен, додека Јанков, ранет, успеал да се извлече. Во многу тешки услови ја продолжил револуционерната работа. Бугарскиот воен суд го осудил на смрт во отсуство и издал потерница со награда за него.

Во јуни 1944 година бугарскиот окупатор го открил неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во Струмица. Настанала нерамноправна борба на градските улици, во која Благоја херојски загинува, односно е убиен од бугарите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ