strumica denes logo

УБАВИ ИНФОРМАЦИИ: ВО СЕПТЕМВРИ УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ – ПРИ КРАЈ СЕ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА РАБОТА!

Автор:

Датум:

јуни 24, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 24, 2021

Категории:

Струмица

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се речиси готови протоколите за враќање на сите ученици во училиштата во новата учебна година што започнува во септември. Тој денеска оцени дека ако ситуацијата со ковид-19 во септември биде како сега, учениците треба да се вратат во училиштата.

„Скоро се готови протоколите за работа на училиштата од септември. Има уште некои технички детали кои ги работат МОН и наши епидемилози, претставници од Комисијата за заразни болести. Се планира децата да бидат присутни 100 проценти во училиштата, а протоколите опфаќаат мерки за дезинфекција, на внимателност при влез и излез и да нема мешање на различни класови. За околу две недели целосно ќе бидат готови протоколите“, изјави Филипче по денешната панел-дискусија: „Здравствени услуги по мерка на ранливите групи граѓани – како да се подобри системот врз основа на досегашното искуство“, во Музејот на современа уметност (МСУ).

Во учебната 2020/2021 година, поради пандемијата, настава во училиште со физичко присуство посетуваа само учениците од прво до трето одделение, а останатите следеа онлајн настава.

Филипче рече и дека одлуката на Бирото за развој на образованието, да не се делат сега свидетелства на учениците, бидејќи нема услови, не е донесена во координација со министерството.

„Свидетелствата можат да се делат и во дворовите. Сѐ што може да се организира во надворешни услови, може да се направи“, оцени тој, додавајќи дека со пристигнувањето на големата количина вакцини овој викенд, се планира имунизација на сите наставници.