ТРЕНЧЕВСКА: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ НАШ ПРИОРИТЕТ – ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ ЌЕ ИМАМЕ КОНКРЕТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА НИВ!

септември 22, 2023

Утре нова средба на работната група, а веќе до крајот на месецот се очекуваат конкретни предлози за барањата на пенизонерите, истакна денеска од Пробиштип, Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Вели дека пензионерите се приоритет на министерството и се рагледува реалната ситуација во државата за да може да им се излезе во пресрет на нивните барања.

„Во текот на утрешниот ден повторно е закажана средба на работната група и очекувам утре да имаме конкретни предлози. Сега сите институци дебатираат по она што е реална состојба во државата со цел да се пристапи кон креирање конкретни мерки за пенизонерите со ниски пензии. Очекувам до крајот на месецот да имаме и конкретно предлози кои ќе бидат прествени“ – вели Тренчевска.

Пензионерите во среда на 20 септември излегуваат на голем протест пред Влада со цел да го искажат своето незадоволство од ниските пензии. Бараат линеарно покачување на пензиите за 3500 денари, како и низа други барања. Протестите започнаа по најавата дека пензиите ќе пораснат 6%.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ