Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Третата светска војна „не е толку далеку“, но тој е уверен дека ќе спречи тоа да се случи з време на неговиот втор мандат како претседател на САД. Тој предупреди на растечките конфликти на Блискиот Исток и Украина и ја истакна важноста од брза акција за да се спречи ескалација на глобалните конфликти.
„Ширум светот, брзо се движам за да ги прекинам војните, да ги решам конфликтите и да го вратам мирот на планетата, сакам мир и не сакам да гледам како луѓе се убиваат“, рече Трамп.
Зборувајќи за војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп изјави: „Погледнете ги сите смртни случаи на Блискиот Исток и војната што се случува меѓу Русија и Украина. Ќе ја прекинеме. Нема смисла во Третата светска војна и не сме толку далеку од неа“.
Трамп и се заблагодари на Саудиска Арабија, која го поддржа самитот одржан во вторникот, за организирањето на разговорите меѓу САД и Русија, нарекувајќи ги „голем чекор“.
Сепак, тој ја повтори својата критика кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го опиша како „скромно успешен комичар“ и „диктатор без избори“. Притоа, тој ги повтори наративите кои често ги користи руската пропаганда во врска со украинскиот лидер.