Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски донесе одлуки за разрешување на неколку високи полициски функционери по трагичниот пожар во Кочани.
Според информациите кои ги пренесува порталот Плусинфо, сменети се седум раководни лица од СВР Штип и Кочани, вклучително и началници и командири од клучните сектори.
Oд функциите се разрешуваат:
– Началникот на Секторот за внатрешни работи Штип
– Помошник началникот на СВР Штип
– Началникот на Одделението за полиција Штип
– Началникот на Одделението за криминалистичка полиција Штип
– Началникот на Одделението за внатрешни работи Кочани
– Командирот на Полициската станица од општа надлежност Кочани
– Началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани
Од Министерството најавуваат повеќе детали во текот на денот, кога ќе се одржи официјална прес-конференција на која Тошковски ќе ја образложи својата одлука.