Војната што се отвори меѓу Израел и Хамас ја потресе светската економија, која и така стоеше на стаклени нозе. Цената на нафтата има драстичен скок, што повлекува поскапувања на низа производи и повторно ја одмотува инфлаторната спирала.
Цената на целулозата во Кина постојано расте и експертите прогнозираат дека тоалетната хартија и бришачите би можеле во Европа да поскапат за цели 30 проценти. Поскапувањето на овие производи е надополнето и со скокот на цената на енергенсите, кои се двигател на скапите машини, а кои се неопходни во производството.
Поскапува и шеќерот на светските берзи, а расте и цената на маслиновото масло, како последица на глобалното затоплување, поради што од високите горештини страдаат и маслиновите насади во Италија и Грција.