ТЕШКО ПОВРЕДЕНО МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА!

април 15, 2024

На 13.04.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на раскрсницата од улиците „Маршал Тито“ и „Ристоман Попчевски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „априлиа“ со германски национални ознаки, управувано од малолетно лице од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на меастото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ