ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ НА БУЛЕВАРОТ ВО СТРУМИЦА!

септември 24, 2021

На 23.09.2021 во 08,45 часот било пријавено дека во Струмица на бул.“Ленинова“ после крстосницата со ул.“Цветан Димов“ патничко моторно возило “цитроен“ со струмички регистарски ознаки управувано од К.Т.(39) од Струмица удрило во велосипед управуван од Л.С.(56) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ