ТЕШКА КРАЖБА НА УЛИЦАТА „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО СТРУМИЦА – УАПСЕНИ СЕ ЕДНО ЛИЦЕ ОД СТРУМИЦА И КУКЛИШ!

септември 26, 2023

На 25.09.2023 во 10.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и И.Ц.(39) од село Куклиш, струмичко.

Тие се сомничат дека ноќта на 23.09.2023 извршиле „тешка кражба“ во објект на улица „Климент Охридски“ во Струмица. Притоа, кај нив биле пронајдени предмети кои ги одзеле при вршење на кривичното дело.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по неговото документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ