На 20.09.2021 година во 16.30 часот во Полициската станица Струмица, З.Д.(42) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 15.30 часот во село Баница бил физички нападнат од И.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.09.2021 година во 03.15 часот во Полициската станица Струмица, И.М.(38) од село Просениково, струмичко, пријавил дека околу 00.45 часот во село Просениково бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помегу И.М., К.М. и нивните две малолетни деца, од една страна и Н.М., Д.М., О.М., Ф.М. и Д.К., од друга страна. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.