strumica denes logo

СВР СТРУМИЦА известува за случај на службено малтретирање: Просветен инспектор сакал изјава „по негова мерка“, а откако не ја добил, ја фрлил документација во ходникот!

Автор:

Датум:

декември 5, 2025

Автор:

Датум:

декември 5, 2025

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против просветен инспектор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ согласно член 143 од Кривичниот законик.

Според пријавата, просветниот инспектор, во својство на државен просветен инспектор, на 15 октомври 2025 година, при вршење инспекциски надзор во Основното училиште „Маршал Тито“ во село Муртино, извршил психичко насилство врз наставничка од училиштето. Тој, како што стои во наводите, вршел притисок врз наставничката да напише изјава по негова волја, а кога таа составила изјава која не соодветствувала на неговите насоки – одбил да ја прими и ја фрлил документaцијата во ходникот.

По утврдените факти, случајот е проследен до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

  • Banner