strumica denes logo

СВЕТОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА КАТАСТРОФАЛНА ВОЈНА? ВИКТОР ОРБАН СО ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ: СРЕДА Е И ИМАМЕ ЗАСТРАШУВАЧКИ ВЕСТИ!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2024

Автор:

Датум:

ноември 20, 2024

На почетокот на видео обраќањето Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана.

„Среда е и имаме застрашувачки вести од Украина. Затоа го свикав Советот за одбрана“, рече Орбан.

„Двата најопасни месеци од војната се пред нас. Со победата на претседателот Доналд Трамп, мирот, или барем прекинот на огнот е опиплив. Сепак, провоената влада сè уште е на власт во САД уште два месеци“, рече тој.

Тој се осврна и на одлуката на Русија за ажурирање на нуклеарната доктрина.

„Ова во пракса значи дека Украинците вчера истрелаа ракети со долг дострел на руска територија, а Русите усвоија поригорозна нуклеарна доктрина како одговор. Го слушав извештајот на Советот за одбрана. Опасноста од ескалација, од ширење на војната , никогаш не бил толку голем. Во следните недели и месеци ќе бидат потребни целото унгарско знаење, ресурси и дипломатско искуство за да се избегне оваа војна. Затоа што Унгарија мора да се држи настрана од оваа војна“, заклучи тој.