Студентски оброк и обврските за 140 денари: Ограничени каде да јадат, кога да јадат и мора картичка од конкретна банка ако сакаат да јадат!

август 7, 2023

КОМЕНТАРИСтудентски оброк и обврските за 140 денари: Ограничени каде да јадат, кога да јадат и мора картичка од конкретна банка ако сакаат да јадатAvatar
ОдСкопје 1Објавено на 03/08/2023

Професорката Весна Јаневска на социјалните мрежи го искоментира објавениот оглас на Министерството за образование и наука за субвенциониран студентски оброк.

„МОН распиша оглас за субвенциониран студентски оброк од 140 денари.

Прво: МОН за 140 денари, кои овој пат нема да ги коментирам, ги обврзува студентите да потпишат договор со една единствена банка, Шпаркасе банка АД Скопје, за отварање посебна сметка со наменска платежна картичка. Зошто? На ова прашање треба МОН да одговори. Сметките во банките се работа на доверба меѓу клиентот и банката, во овој случај МОН одлучува за студентите. Зошто? Ако одговорот е затоа што ги дава средствата, јас прашувам зошто не ги дава на сметките на студентите од банките кои тие ќе ги одберат?

Второ: Студентот средствата може да ги користи од понеделник до сабота и ако не ги искористи не му се префрлаат средства за следниот ден. Значи , студентот не може на пример да штеди за да отиде во ресторан и таму да си обезбеди со овие средства поскап оброк. Зошто?

Трето: Студентот ќе може да ги користи средствата кај даватели на субвенциониран студентски оброк кои се правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна единствено преку картичката на Шпаркасе банка АД Скопје. Значи бурек од Дуќан Х не може, може бурек од дуќан Y. Зошто?
МОН ЗОШТО?“, вели таа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ