ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Најнеуспешната Министерка за образование Мила Царовска и Градоначалникот на Струмица со најнизок рејтинг Коста Јаневски веднаш да престанат да ги користат училиштата и институциите за сопствена политичка промоција.
Министерката Царовска не е воопшто добредојдена во Струмица иако нејзините кадри нема да и кажат отворено.
Најнеуспешниот тандем треба да се откаже од новиот концепт на образование и дигитализација бидејќи ние нема нашите деца да ги оставиме на нивните експерименти.
Откако ни го продадоа минатото, и ни ја уништија сегашноста сега преку лошо образование имат намера да ни ја загрозат и иднината.
Ќе ги остават децата без учебници, ќе ги измешаат предметите до степен да не може да се препознаат.
И нормално сето тоа го прават без консултација со учениците, родителите и професорите. Особено откако се соочија со силната реакција на јавноста и посебно со критиките на стручната и научна јавност.
Ги повикуваме најпрвин да се сретнат со повеќе од родителите,не само со оние кои им се партиски блиски. Да слушнат што имат да кажат мајки, татковци, старатели, наставници, професори, академици.
На нивни јазик да се каже: најпрвин да се консултират со ,,Родител1 и Родител2″.
Промоција на програми за стручно образование нема смисла додека младите својата иднина ја гледат во странство.
Бидејќи доколку се потпреме на наводните големи странски инвестиции на Владата предводена од нивниот ментор Зоран Заев јасно е дека сите ќе станеме ,,измеќари” на олигархијата на една партија и фамилија.
Општински Комитет ВМРО-ДПМНЕ Струмица.