strumica denes logo

СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов не прифаќа веќе критика – Одговорност следува за многу скоро време за сите погрешно направени работи!

Автор:

Датум:

април 30, 2025

Автор:

Датум:

април 30, 2025

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ – ОК Струмица, преку јавно соопштение, остро ја критикува актуелната локална власт и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, обвинувајќи го за игнорирање на критики и запоставување на еден од најзначајните делови на градот – Старата Чаршија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Од партијата велат дека по 20 години владеење на СДСМ на локално ниво, градоначалникот Костадинов, охрабрен од својата „брза политичка кариера“, сѐ почесто се однесува како да не прифаќа ниту една забелешка и смета дека сите негови одлуки се исправни и очекувани.

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека револтот кај граѓаните од Старата Чаршија е „долгогодишен, повеќеслоен и сега повторно активен“, бидејќи, како што наведуваат, „веќе никој не се плаши да зборува јавно“.

Според партијата, неколку неуспешни економски потези на локалната власт го довеле до упадливо опаѓање значењето на Чаршијата како економско и културно јадро на градот. Притоа, се посочува дека поради интересите на поединци, центарот на градот претрпел сериозни штети.

„Најголем проблем на Старата Чаршија не е велосипедската патека, туку свесното запоставување и уништување“, се вели во соопштението. Партијата потсетува дека годинава, за разлика од други делови од градот, Чаршијата останала без новогодишна и празнична украсеност, нема предвидени станици за градските автобуси, а клупите и урбаната опрема се во „дотраена и недостоинствена состојба“.

Дополнително, се изразува загриженост за состојбата на тротоарите, улиците и објектите во овој заштитен простор, а градоначалникот Костадинов јавно се повикува лично да прошета низ Чаршијата и да се увери во состојбата на терен.

„Му предлагаме на Костадинов да го преразгледа и евентуално повлече овој банален потег со кој се доведува во прашање изгледот, работата и безбедноста на Старата Чаршија“, стои понатаму во соопштението, мислејќи на поставувањето на велосипедската патека во овој дел од градот.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Чаршијата отсекогаш познавала велосипедски сообраќај, но укажуваат на потребата од внимателен и одговорен пристап при секоја интервенција во градското јадро.

„За сите погрешно направени чекори, одговорност во Струмица следува за многу скоро време“, се заклучува во соопштението.