СТРУМИЧКИТЕ УГОСТИТЕЛИ СО ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: ОД ВТОРНИК ЌЕ БЛОКИРАМЕ УЛИЦИ ВО ЗНАК НА ПРОТЕСТ ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ВАКЦИНИРАНИ И НЕВАКЦИНИРАНИ!

август 21, 2021
????????????????????????????????????

Почитувани,
Ве известуваме дека угостителите од Струмица едногласно донесовме одлука за бојкот од (24.08.2021) изразувајќи незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве.

Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот.

Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните.

Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме и со поостри мерки.

Во овие години ние сме на постојан удар, време е Владата да донесе нови мерки кои ќе бидат и во наша корист.

– Угостителско здружение од Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ