Струмичките пратеници во собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Јадранка Поцкова и Дајанчо Ефтимов се меѓу најјактивните пратеници кои придонесуваат за интересот на граѓаните.
Д-р Јадранка Поцкова е на четвртото место како најјактивна жена – пратеничка и пратеничка која води аргументирани дебати, од вкупно 51 жена во Собранието, третото место го дели со колеги кои говореле со аргументи и факти од вкупно 120 пратеници и десетто место како најјактивен пратеник од вкупно 120 пратеници.
Презентација на резултатите од извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собрание(јули-декември 2023 год).
Настан под покровителство на Програма за паламентарна подршка(ППП) на Собрание на Република Македонија, финансирана од Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ),преку Швајцарска Амбасада во Република Македонија.