АКО ИМА ЗЕМЈОТРЕС, А ВИЕ СТЕ ВО ЈАВНА УСТАНОВА ПРЕПОРАЧЛИВО Е ДА ГИ ЗНАЕТЕ ВНАТРЕШНИТЕ ПРОЦЕДУРИ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ПРЕД НАСТАНУВАЊЕТО НА ЗЕМЈОТРЕСОТ
Важни совети за однесување при земјотрес, доколку се најдеме на затворен простор, на нашето работно место, или пак во јавна установа.
😱 Паниката е инстинктивна реакција – но не треба да трчаме кон излезот, туку треба да се засолниме под цврст предмет и да си ја заштитиме главата 🪖 и телото од предмети кои може да паднат.
По завршувањето на потресот, треба да се движиме полека кон излезот, користејќи ги скалите и излезите за евакуација.
❌ 🛗 При евакуација не смееме да го користиме лифтот.
Препорачливо е да го знаеме планот за евакуација на зградата и редовно да ги вежбаме процедурите за евакуација во случај на итност.