СТРУМИЧКИОТ УМЕТНИК АЛЕКСАНДАР ФИЛЕВ ПРОДАДЕ СВОЕ ДЕЛО И ПАРИТЕ ГИ ДОНИРАШЕ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА!

февруари 7, 2023

Струмичани отсекогаш знаеле да се солидализираат и да помогнат секому. Денес нашиот струмичанец, уметникот Александар Филев направи хумано дело кое треба да послужи за пример на сите нас. На својот фејсбук профил објави дека ја продава својата слика за 30.000 денари, а оној кој ќе ја купи, парите да ги уплати на сметката за донациите за настраданите од земјотресот во Турција. Час подоцна, делото беше продадено!

„Почитувани пријатели, сликата што ја објавив се продаде за хуманитарни цели за настраданите во земјотресот. Мило ми е што постојат луѓе со големо срце“, објави Филев на својот фејсбук профил.

За сите оние кои сакаат да помогнат, 143 400 е бројот за донации за помош на населението на Турција и Сирија!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ