На 28 април (недела) 2024 година во Власотинце, Србија, се одржа Интернационалниот карате турнир „Власотинце опен“, а на него учествуваа над 500 натпреварувачи во повеќе категории. На турнирот учествуваше и карате клубот „Шихан“ од Струмица со свои натпреварувачи. На турнирот нашиот клуб беше еден од најдобрите клубови кои настапија и оствари одличен резултат како преку своите постари каратисти така и преку оние помладите. Беа освоени вкупно 33 медали од кои:
– 15 златни
– 8 сребрени
– 10 бронзени
„Им благодариме на родителите на нашите каратисти за нивната сесрдна поддршка, и друшба како и на сите други наши поддржувачи кои го следат нашиот развој.“, изјавија за Струмица Денес од карате клубот.
Инаку, карате клубот „Шихан“ полека станува еден од најтрофејните македонски спортски клубови!