СОУ „Јане Сандански“ од Струмица ќе учествува на Светските школски игри во Нормандија, Франција кои ќе се одржат од 14 до 22 мај и истите се најголемо светско натпреварување за ученици кое се одржува од далечната 1974-та година. Оваа година има учесници од 70 земји.
СОУ „Јане Сандански“ ќе има свои претставници во име на пинг-понгарот Борис Секулов, одбојкарките Добрина Хаџи-Тосева, Тинче Недева и Софија Пандева, а ќе ги води професорот Гоце Кончалиев.
Организацијата е во склоп на сојуз на училишен спорт, а патувањето и престојот на спортистите е помогнато од Општина Струмица и Градоначалникот Костадин Костадинов.
Опремата за спортистите ја обезбеди ЛОМА Спорт од Скопје.