strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА КОМПАНИЈА „ЛАВ КОМЕРЦ“ ПОКАЖА ОДГОВОРНОСТ – ГИ ОСЛОБОДИ ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ!

Автор:

Датум:

јануари 30, 2025

Автор:

Датум:

јануари 30, 2025

Струмица оваа сабота ќе испрати јасна порака – доста е од загадувањето! Граѓаните ќе се соберат на протест против алармантно високото ниво на загаденост на воздухот, кое во изминатиот период ја стави Струмица меѓу најзагадените градови во Европа.

Во духот на заедништвото и општествената одговорност, струмичката компанија „Лав Комерц“ донесе одлука да ги ослободи своите вработени од работни обврски, за да можат слободно да учествуваат на протестот. Оваа иницијатива е вистински пример за корпоративна одговорност и поддршка на заедницата, а токму ваквите чекори се клучни во борбата за поздрава животна средина.

Овој протест не е само повик за реакција, туку и тест за тоа колку сме подготвени да се бориме за иднината на нашата Струмица. Да бидеме сите дел од промените!