strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА СПОДЕЛИ УБАВА ИНФОРМАЦИЈА: Започна со работа единицата за интервентна кардиологија – антиографија и стентирање!

Автор:

Датум:

октомври 8, 2022

Категории:

Здравје, Струмица

Автор:

Датум:

октомври 8, 2022

Категории:

Здравје, Струмица

ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА – СТРУМИЦA:

ЈЗУ Општа болница Струмица денес започна со работа на единицата за интервентна кардиологија- ангиографија и стентирање .

Стентирањето на коронарните артерии претставува модерен начин на решавање на недоволното крвоснабдување на срцевиот мускул, а кое најчесто е последица на атеросклеротични промени на артериите и честа ургентна состојба во интерна амбуланта.

Со тоа овозможуваме ургентен третман во нашата болница за овие животно загрозувачки состојби за пациентите во прединфарктна и инфарктна состојба кои досега ги транспортиравме во Скопје и Штип.

Во работата на интервентните процедури на нашите пациенти се вклучи кардиолошкиот тим во ЈЗУ Општа болница Струмица Др.Верица Милушева Трендова и Др Методија Иванов со поддршка на експерти кардиолози од Клиника за кардиологија Др Жан Зимбаков и Др .Оливер Бушлетиќ .

Успешно беа завршени 2 интервенции од кои на едниот пациент му беше имплантиран стент.

Нашата цел како јавна здравствена установа е да овозможиме квалитетна дијагностика , со нова модерна опрема и нови дијагностички и терапевтски процедури , неопходни за навремена дијагноза и третман на пациентите.

Продолжуваме и тоа се во интерес на пациентите.