СТРУМИЧАНЕЦОТ ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ НАЈАВУВА НОВ СТУДИСКИ АЛБУМ НАРЕЧЕН „CROSS-OVER“ КОН СРЕДИНАТА НА СЕПТЕМВРИ!

август 15, 2023

На речиси петнаесетина дена до стартот на новото и јубилејно 30-то издание на летниот музички фестивал “Охрид фест”, ПР тимот на фестивалот не запознава со дел од учесниците кои годинава ќе се појават и ќе бидат дел од овој познат музички бренд во Македонија.

Еден од нив е и познатиот македонски музичар, македонски претставник на Евровизија во 2021-та година, Васил Гарванлиев кој на фестивалската сцена ќе се појави на Интернационалната вечер на 2 септември.

Тој вели дека му е огромна чест и задоволство што ќе има можност и прилегија да настапи на јубилјното издание на овој познат македонски музички фестивал. Охрид како град му е во срцето, бидејќи меѓудругото видеата за песните „Ѓердан„ и „Приказна“ се реализирани токму во и околу околината на овој наш македонски бисер. Тој откри дека и наскоро ќе има промоција на најновиот студиски албум кој заедно со Давор Јордановски го има снимено неодамна во Чикаго, каде што и живее.

“Иако немаме заедничка песна, Г-нот Глигор Копров беше еден од ретките во Македонија кој цело време ме поддржуваше, ми се јавуваше да ми честита за песна или проект и често знаеме да одиме на кафе кога сум во Скопје. Неколку пати разговаравме да бидам дел од „Охрид фест“ но самиот распоред до сега не го дозволи тоа. Инаку, пред еден месец поминав една недела во Торонто и една во Чикаго со Давор Јордановски, каде што го привршувавме мојот прв “Cross-Over” албум чија промоција ќе биде во Скопје и Струмица во средината на септември”, изјави Гарванлиев

Тој додава и дека дома му е Чикаго, каде го очекуваат трите керкички – Есми, Кристина, и Шерон и Џејсон со кој реши да го помине остатокот од својот живот.

“Можам да кажам дека само што потпишав договор и се враќам на класичната сцена во 2024 како солист на Кармина Бруана и конечно ќе остварам уште еден сон – настапот ке биде во легендарната Kennedy Center во Вашингтон САД. Најголемиот сон кој го подготвувам скоро 10-на години ќе биде изведен премиерно во Струмица и Скопје во средина на септември: Албумот “ВАСИЛ” – мултимедијален спектакл кој е мост на три музички жанрови во еден: Балкан, оригинал поп и класика на 7 јазици со камерен оркестар, хор, танчери, светлосни/видео ефекти и наративи каде преку песна ќе ја раскажам мојата имигрантска приказна…”, додава Васил.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ