Голем успех за струмичкиот кикбоскер Пепи Велков кој доаѓа од клубот „К1 Арена“. Викендов Велков се закити со златен медал на Европскиот куп во кикбокс што се одржа во Босна и Херцеговина.
Во финалето на престижниот турнир, Велков извојува победа против актуелниот Европски првак од Србија, со убедлива судиска одлука од 3:0. Претходно, во полуфиналната борба, струмичкиот борец го совлада противникот од Литванија, исто така со резултат 3:0.
„Презадоволен сум од резултатот. Со оглед на тоа дека три години немав борба, а сега го освоив Европскиот куп, ова е голем успех и горд сум на него“, изјави Велков за порталот Струмица Денес.
По овој голем триумф, Пепи Велков веќе ги насочува подготовките кон нови предизвици – меѓународен турнир во Загреб, а потоа и Светскиот куп што ќе се одржи во Будимпешта.