Струмичанецот Наум Блажевски е дел од шампионскиот состав на КМФ Проект, кој сезонава ја освои двојната круна во македонскиот футсал.
КМФ Проект зад себе има историска сезона, во која клубот ги освои:
Првенството на Македонија
Националниот куп
Дополнително, тимот оствари и максимален учинок во лигашкиот дел, со победи на сите 22 одиграни натпревари, без нерешен резултат или пораз,што претставува успех во домашниот футсал кој досега не е остварен.
Наум Блажевски, како дел од ростерот на шампионската генерација, даде свој придонес во текот на сезоната и беше дел од еден од најуспешните тимови во поновата историја на македонскиот футсал. Неговиот успех има посебно значење за спортската јавност во Струмица.
Со освоената титула, КМФ Проект обезбеди и пласман во футсал Лигата на шампионите на УЕФА, каде што ќе ја претставува Македонија на европската сцена.
Покрај Наум,во ростерот на КМФ ПРОЕКТ има уште двајца фудбалери од нашето опкружување – Трајче Димитриев и Ѓорги Коцевски од Босилово.
Успехот на КМФ Проект, како и учеството на нашите момци во шампионскиот тим, претставуваат значаен момент за развојот на футсалот и дополнителна инспирација за младите спортисти од регионот.





















