СТРУМИЧАНЕЦ КОЈ ЖИВЕЕ И РАБОТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Платата овде е околу 250.000 денари а бензинот 120 денари, а во Македонија на 18.000 денари плата невозможно е бензинот да е близу 100 денари!

мај 8, 2022

Струмичанец кој живее и работи во Швајцарија, денеска во порака ни испрати фотографија на моменталните цени на горивата таму и направи споредба со стандардот овде и таму.

„Еве фотографија од моменталната состојба на цените во Швајцарија на горивата. Овде на 250.000 денари плата, бензинот е близу 120 денари, а во Македонија на 18.000 денари плата, бензинот близу 100 денари. Весела математика“ – вели тој за Струмица Денес.

Инаку, во моментот малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар. Утре се очекува нова цена на горивата во Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ