strumica denes logo

СТРУМИЦА НА ВРВОТ: ДАКТИЛИ Е ИМЕТО НА СТРУМИЧКИОТ БЕНД КОЈ СОНУВА ЗА СВЕТСКА СЛАВА!

Автор:

Датум:

јануари 25, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 25, 2019

Категории:

Струмица

Струмица е мало гратче во кое бендовите кои прават авторска музика се бројат на една рака…

околку почнеме да ги набројуваме тие бендови, почнуваме, а воедно и завршуваме со палецот, кој припаѓа на бендот Дактили. Ќе речете дека сум пристрасен, но тоа е далеку од вистината – во продолжение прочитајте зошто.

Овој проект произлезе во 2018 година како резултат на експериментирање од страна на тројца музичари со слични идеологии и методологии за музиката. Среќа, случајност, или сосема друг фактор, ги обедини познатиот бубњар кој во 2018 година имаше повеќе настапи од било кој друг музичар во нашиот крај (зборуваме за 137 настапи) – Душко Манушев, гитаристот кој направи успешна транзиција од електрична соло гитара во бас гитара – Столе Велков, и познатиот струмички баскер и мултиталент – Ставре Ангелаков а.к.а. Сватре Гринер.

По неколкуте успешни настани по струмички, а и скопски локали, во декември, Дактили настапија на “Лузер Фест“, фестивал за промовирање на млади авторски бендови од Македонија. Иако стручното жири ги оцени како најдобар бенд на фестивалот, тие завршија второ место бидејќи беа само четврто според бројот на гласови од публиката. По настапот, бендот изјави дека тоа само додатно ги измотивира, а дури најавија и нов албум за 2019, како и мини турнеја низ Македонија.

Нудат автентичност
За разлика од сите други бендови кои практикуваат слични правци во музиката, Дактили работат на свој сопствен звук и оригинална музика. Несомнено е дека црпат инспирација од најголемите имиња во музиката, како што се Pink Floyd, а тоа им овозможува да создаваат музика за почит. Засега, се’ што можеме да чуеме од Дактили се домашните ‘аматерски’ снимки достапни на YouTube. Инспирација за албумот кој излезе во раната есен, насловен ‘Tales from the land of Love (2018)’, е рудникот на смртта во Струмичко, а тоа уште еднаш ја потврдува оригиналноста на бендот.

Квалитет
Дактили не е кавер бенд кој прави преработки и настапува по барови, дискотеки и кофи-ту-гоу. Такви има многу – и не велам дека тоа е лошо. Но, Дактили се различни. Нивната идеологија за музиката е сосема различна и тоа се чувствува во секоја отсвирена нота. Тие креираат музика која допира до малку поретка маса, но е прифатлива и за обичен слушател. Можеби немаме многу прилики да ги слушаме во живо, но се надевам дека нивниот квалитет и потенцијал ќе бидат набрзо забележани и пошироко во Македонија.

Автор: Горан Николов

Ивор: Интересно